Мобилната единица за безбедност во сообраќајот, денеска во периодот од 8:00 до 14:00 часот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната на автопатот Куманово-Скопје-Велес, при што санкционирани се 109 возачи, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР наведоа дека 21 возач возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а тројца со дури над 70 километри на час над дозволеното.
– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, нагласија од МВР.