Министерството за внатрешни работи (МВР) утринава ја потврди смртта на познатиот бизнисмен Чедомир Радомировиќ кој вчера, со повреди на главата, беше пронајден покрај автомобил во скопски Орман.
Шеесет е седумгодишниот Радомировиќ бил пронајден вчера нешто пред 19 часот покрај паркиран автомобил марка „лексус“ со скопски регистрации. Крвавел во пределот на главата, а покрај него имало пиштол и чаура.
„Утврдено е дека станува збор за Р.Ч. (67). Со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Клинички центар ‘Мајка Тереза’ каде им подлегнал на повредите“,информираат од МВР.
Од Министерството засега не соопштуваат дали станува збор за убиство или самоубиство. Посочуваат оти полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Чедомир Радомировиќ беше oсновач беше на Радо Банка, која пропадна во 2005 година откако Народната банка на Македонија констатира дека е неликвидна.