Министерството за внатрешни работи потврди дека, утрово, во 5.35 часот, на граничниот премин Блаце сам се пријавил поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница.

-Денеска (09.09.2026) во 05:35 часот на ГП Долно Блаце за влез во РСМ се пријави Перпарим Бајрами (33), баран со меѓународна потерница по наредба од ОЈО Скопје бр.XVII KO бр.4232/24 од 17.12.2024 година. Лицето е лишено од слобода и спроведено во Казнено поправната установа Затвор Скопје, посочуваат од МВР.

По Бајрами беше распишана мерка „апси“ по барање на СМПС – Одделение за потраги, согласно член 354 став 5 од Кривичниот законик.

Со ова, по Артан Груби, уште едно лице по кое се трагаше е ставено на располагање на органите на прогонот.