На наплатната станица Сопот на автопатот „Пријателство“, полицијата вчера го лишила од слобода Д.Г.(19) од Кавадарци кај кого при личен претрес биле пронајдени и одземени околу 100 грама кокаин и пари, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
– По претходно добиена судска наредба, било запрено возилото „фолксваген поло“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал и при личен претрес кај него биле пронајдени и одземени околу 100 грама кокаин и пари, стои во соопштението од МВР.
Дополнуваат дека при претрес во неговиот дом во Кавадарци, извршен со судска наредба, биле пронајдени пари во различни апоени и валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.