Лицето прегази жена и ја напушти државата
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје, син на Берти и Ганимете. Лицето е во бегство по сообраќајна несреќа во која беше прегазена жена, по што избегало од местото на настанот и ја напуштило државата.
Саитов е баран по централна и меѓународна потерница, по барање на Основното јавно обвинителство Скопје, за кривично дело предвидено во член 300 од Кривичниот законик.
