На територија на град Скопје изречени се вкупно 94 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19, 12 санкции за возење без возачка дозвола, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.