Тие се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Известен е јавен обвинител и извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Според МВР, несреќата се случила во викендичка на место викано „Матејачки колиби“. Повредените биле пренесени во болницата во Куманово, а потоа транспортирани во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје на пластична хирургија.
Случајот во СВР Куманово синоќа во 21.45 часот го пријавиле од Општата болница-Куманово.