Министерството за внатрешни работи денеска информира дека по поднесена пријава од граѓанин, Д.Ц. вработен како возач во Службата за општи и заеднички работи при Влада на РМ, е затекнат при примање на претходно обележани парични средства, по што е лишен од слобода.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единицата за корупција при МВР постапуваше по претходно поднесена пријава од граѓанин, во координација со надлежниот јавен обвинител. Во рамки на преземените мерки и активности, Д.Ц. вработен како возач во СОЗР при Влада на РМ, е затекнат при примање на претходно обележани парични средства, по што е лишен од слобода – посочуваат од полицијата.
По целосно документирање на случајот до надлежното јавно обвинителство поднесена е соодветна пријава.
