Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва, како гости, рутински го совладаа тимот на Феникс (82-64) во последниот меч од претпоследната рунда во Првцата лига, со што на коло до крајот го осигураа првото место на табелата за плејофот.

Неизвесно беше само во првата четвртина, во која домаќинот пружи каков-таков отпор против шампионот. Како одминување средбата, така се зголемуваше предноста на фаворитот, којсо серија 10-1 во финишот од втората четвртина се одлепи на 39-28, што беше најава за крајниот епилог.

Бојан Крстевски и Кеандре Кук со по 15 поени беа најефикасни кај „металците“, додека ветеранот Марјан Јанески со 19 поени беше најефикасен кај Феникс.

МЗТ Скопје сега има скор 19-2, односно две победи повеќе од Пелистер, кој пак има три победи повеќе во однос на третопласираните ТФТ и Гостивар. Ова значи дека големото дерби во последното коло помеѓу тимот од Аеродром и битолчани ќе нема никакво резултатско значење.