На 15 јули стартува повикот за мерката 3 од ИПАРД 2 Програмата. Мерката е проектирана на пет милиони евра и се однесува на инвестиции во нови машини или инструменти, нови технологии, опрема или машиникои користат обновливи извори на енергија, како и на специјални транспортни резервари или приколки за транспорт на суровини или животни.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанствп Љупчо Николовски преку својот официјален фејсбук профил апелира сите заинтересирани да аплицираат на претстојниот ИПАРД 2 повик.

-Горд сум што во регионот сме земја лидер по искористеност на средствата од ИПАРД програмите, конкретно со 97 проценти склучени договори од ИПАРД2, наведува Николовски.

Повикот на 15 јули ќе биде последен од ИПАРД 2. Кон крајот на оваа и почетокот на следната година, како што најави Николовски, почнува реализацијата на Програмата ИПАРД 3 која ќе тежи 60 отсто повеќе од ИПАРД 2.