Ангелов рече:

-По наше барање Владата одржа итна седница, работите кои што ги кажа премиерот беа веднаш обезбедени, потребните одлуки беа донесени. Јас како раководител на тој главен штаб и на целата оваа кризна состојба сум во постојана комуникација со премиерот и на мене ми е сеедно дали премиерот е овде во Скопје или на било кое друго место.Од првиот пожар досега сме во постојана комуникација и секогаш кога имало потреба премиерот да се ангажира во одредена работа сум можел да го добијам во истиот момент

Ангелов брифираше и за моменталната ситуација со пожарите во државата.

-Моментално имаме пожари во Прилеп кај село Дрен и село Смолани кој што е ставен под контрола и моментално се догасува и верувам денес ќе биде локализиран. Покрај него имаме пожар во Велес кај село Џимирци, но тој се префрла кај Скопскиот регион во селото Круш и селото Дивје и овој е малку покомплициран, бидејки се работи за непристапен терен. Во Скопје гори кај Сарај, таму е реактивиран пожарот кај Раовиќ и село Буковиќ и верувам дека денес ќе биде ставен под контрола и повторно имаме пожар во Старо Нагоричане и тоа кај селото Љубино и Дренак, кој што повторно се активирани рече директорот на ЦУК.

Состојбата како што додаде е целосно под контрола освен во Беровско за кој нагласи дека е важно да се каже дека на ниту едно место, нити еден човек не е загрозен поради што апелираше пред се да се внимава на човечките животи бидејки пожарите ќе се изгаснат.