На Граничниот премин Богородица, за излез од државата се чека околу 20 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во пладневниот извештај за состојба на патишатата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.