Вчера во 13.15 часот на Граничен премин „Ќафасан“ од полициски службеници биле приведени Х.Б.(29) и Г.Б.(24), двајцата од Р.Албанија, бидејќи при граничната проверка Г.Б. дал неточни податоци за неговата цел на патување и престојот во државата, а потоа двајцата пријавени се однесувале агресивно и физички ги нападнале полициските службеници, стои во соопштението од МВР.

Лицата по насоки од судија од Основен суд Струга се спроведени во судот за понатамошна постапка.