Полицијата во Париз денеска објави дека 74 лица се уапсени за време на протестите во француската престолнина Париз во саботата.
Вчерашниот ден на мобилизација, на кој учествуваа 46.000 демонстранти во Париз, беше обележан со „неколку инциденти“ што се случија во моментот кога протестната поворка се распрснуваше, соопшти денес полицијата, пренесува BFM TV.
Вкупно, како што е наведено во соопштението, службениците за спроведување на законот извршија 8.172 проверки.
