СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал, по преземени мерки и активности, расчисти кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка” по чл.274-б од Кривичниот законик.
Имено, М.А. од Скопје пријавил дека во текот на април 2022 година без негово знаење и согласност во два наврати му била злоупотребена платежната картичка и му биле повлечени парични средства во вкупен износ од 18.200 денари.
-Веднаш биле преземени мерки и било утврдено дека сторител на делото е Д.А., по што од Единицата за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесен е соодветен поднесок, информира МВР.