Сообраќајот на планинската делница на патот од Гостивар кон превојот Стража попладнево се одвива отежнато, а на патот се присутни полицајци кои регулираат поради сообраќајна несреќа, објави Телма.

На коловозот има превртен камион којшто се извлекува за да се ослободат и двете ленти од патот.

На патниот правец се создаваат долги колони од автомобили, а полицијата го регулира сообраќајот.