Австралискиот суд за денеска закажа рочиште за случајот со Ѓоковиќ откако адвокатите на српскиот тенисер поднесоа жалба на одлуката да не му биде дозволен влез во земјата.

Австралиските власти му ја одбија визата на Новак Ѓоковиќ под образложение дека не ги исполнува условите за влез во нивната земја. Српскиот тенисер не обезбедил убедливи докази со кои ќе го поткрепи медицинското ослободување за невакцинација.

Во текот на ноќта Ѓоковиќ беше пренесен од аеродромот во Мелбурн во карантин хотел. А денеска ќе се појави на суд кој ќе одлучува по жалбата на неговите адвокати.

Адвокатите тврдат дека други тенисери кои не биле вакцинирани и имале документи исти како и Ѓоковиќ, влегле во Австралија. Дали е тоа така и ќе има ли промена на одлуката, ќе се знае во текот на денот.

Австралија е една од земјите со најстроги правила во текот на пандемијата на ковид-19, па властите во оваа земја не сакаат да прават исклучок за било кој поради ризик да не го навлечат гневот на своите жители.