На граничниот премин Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информира АМСМ.

Поради изведување градежни работи на пат (минирање) задутре на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 11:30 до14:30 часот во времетраење од 15 – 20 минути.