Системот на телесни камери за царинските службеници, обезбеден како донација преку Меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги (ICITAP) во рамки на Кривичниот оддел при Министерството за правда на САД, денеска официјално ќе биде промовиран на граничниот премин Табановце.

Како што соопшти Царинската управа, на промоцијата ќе се обратат директорот на Царинската управа Бобан Николовски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и вршителот на должност амбасадор на САД во земјава Никол Варнс.

Според најавата, воведувањето на системот на телесни камери е дел од активностите насочени кон зајакнување на транспарентноста, интегритетот и професионалните стандарди во работата на царинските службеници.