Во текот на гостувањето, професорот Нацев даде хронолошки и фактографски преглед на поголемите реформи кои се имаат случено во одбранбено-безбедносно-разузнавачката заедница на Република Македонија во последните 30 години.
Професорот истакна дека започнувајќи со формирањето на Агенцијата за разузнавање во 1995та година, па потоа со формирањето на ЦУК, ДЗиС, ДБКИ во 2005та година, па формирањето на ОТА и преминувањето на УБК во АНБ, евидентно е дека сите реформи се извршени во време кога СДСМ е на власт и има потреба да направи промени во безбедносниот сектор, кој според професорот. заедно со правосудниот сектор, се главните столбови за одржување на власта на СДСМ. Но. покрај употребната цел која ја имаа сите овие реформи конкретно за партијата на власт, овие реформи немаа никакво или имаа многу ограничено влијание, и се сериозно компромитирани, како на пример при формирање на АНБ, кога имаше незаконска селекција и преминување на вработени од УБК во АНБ.
Во продолжение погледнете го целото негово гостување: