Претседателот на Националниот совет за извоз, Бранко Азески денес ќе оствари посета на Џонсон Мети, најголемата странска инвестиција во државата каде ќе има работна средба со најголемите извозни компании во државата.
Стопанската комора на Северна Македонија, преку низа претходно реализирани активности насочени кон извозно ориентираните компании го најави својот фокус кон извозот и извозната конкурентност како клучни приоритети во следниот период, а тоа беше препознаено од страна на УСАИД и во рамки на заедничко партнерство преку проектот „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција“.
Во рамки на работната средба, претседателот Азески ќе ги претстави активностите кои во следниот период ќе бидат реализирани во рамки на Националниот совет за извоз, а заедно со останатите членови на Советот ќе ги слушнат и проблемите и предлозите адресирани од компаниите кои минатата година остварија најголем извоз. На крајот од средбата предвидени се изјави за медиуми од страна на управителот на Џонсон Мети, Борјан Борозанов и претседателот на Националниот совет за извоз, Бранко Азески.