Не престануваат пофалбите за нашиот најдобар пијанист. По настапите во САД, Симон Трпчески продолжи да ги полни европските сали.
Неодамнешниот настап на македонскиот пијанист Симон Трпчески во Милано предзивика восхит кај италијанската публика, а на социјалната мрежа Фејсбук се огласи и неговот музички колега, оперскиот пејач Благој Нацоски.
„Што да ви кажам, Симон го дигна на нозе Милано вечерва со неговиот концерт“, напиша Нацоски постирајќи заедничка фотографија со Симон.
Извор: Еспресо.мк