Наутро со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево и топло со мала до умерена облачност која кон крајот на денот ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -3 до 3°C, а максималната од 12 до 19°C.