– Дигитални форензичари вр основа на пријави пет месеци следеле размена на материјали со педофилска содржина преку една платформа за размена на пораки, соопшти Доменик Штиглер од полицијата во Амберг.

Врз основа на собранитете податоци, поради размена на педофилски материјали се сомничат повеќе од 1.600 лица во Германија, Швајцарија, Франција, Австрија и САД. Им се закануваат затворски казни од најмалку една година.

Според соопштението на полицијата многумина од учесниците во затворените групи за размена на материјалите се малолетници.

– Покрај лицата кои се наклонети кон педофилија, тука честопати станува збор за деца и млади кои невнимателно преку групи за комуникација испраќаат вакви слики и така извршуваат кривични дела, изјави Петер Крамер од полицијата во Амберг.

Германија последните месеци ја потресуваат неколку големи скандали поврзани со сексуалните злоставувања на деца и ширење материјали со педофилски содржини.