Инспекторите се на терен
Над 120 инспектори се на терен. Од Пазарниот инспекторат велат дека трговците имале доволно време да ги обележат производите. Нема да се толерира неетичко однесување.
Казни до 10.000 евра
Казните се од две до 10 илјади евра и затворање на објекти, најавува директорот Трајковски. Тоа што некои производи не се намалени не значи дека трговците не ја почитуваат мерката, вели директорот на Пазарна, Трајковски.
Мора да се почитуваат мерките
И од Министерството за економија со став, непочитувањето на владината мерка за ограничување на маржите на 10 отсто не смее да помине неказнето.
Не сите производи дел од есенската кошничка имаа ознаки, велат граѓаните.
Есенска кошница
Есенската кошничка ќе важи до 31-ви октомври, а потоа следуваат предновогодишна и пролетна кошничка за намалување на цените на производите кои најмногу се користат во тој период од годината. В петок би требало да стапи на сила Законот за нефер трговски практики.