Бројот на загинати од силниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија се искачи на повеќе од 16.000.

Спасувачки тимови се уште се во потрага по преживеани и заглавени под урнатините.

Официјални лица и медицински лица соопштија дека 12.873 лица загинале во Турција и 3.162 во Сирија од потресот од понеделникот од 7,8 степени по Рихтеровата скала, со што потврдениот вкупен број достигна 16.035.

Повеќе од 90 проценти од преживеаните во земјотресот се спасени во првите три дена, вели за АФП, Илан Келман професор на Универзитетскиот колеџ во Лондон.

-Генерално земјотресите не убиваат луѓе, уривањето на инфраструктурата убива луѓе, вели Келман кој додава дека најважниот фактор во пружањето медицинска помош на луѓето извлечени под урнатините, е истата да ја добијат што порано.

-Времето е клучен фактор и целосно е против нас во Турција и Сирија, нагласи тој.

Регионите погодени од земјотресот се на удар на ниски температури, како и дожд и снег.

-За жал, ова значи хипотермија е можна, а луѓето веројатно за жал, ќе губат животи поради временските прилики. Оние кои успеваат да ги преќивеат студот и повредите се уште имаат потреба од храна и вода. Без вода, многу луѓе ќе почнат да умираат во рок од три, четири, пет дена, вели Келман.

Во Турција е прогласен вонредна состојба во период од три месеци во 10 провинции, а помош пристигнува од целиот свет.