Податоците објавени денеска од агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР, покажуваат дека 4.441.663 украински бегалци ја напуштиле земјата откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари.

Таа бројка е за 59.347 повисока од претходниот ден. Околу 90% од оние кои избегале од Украина се жени и деца.

Околу 210.000 не-Украинци, исто така, ја напуштиле земјата, според Меѓународната организација на ОН за миграција (ИОМ).

Се проценува дека околу 7,1 милиони луѓе се раселени во Украина, според податоците објавени од ИОМ претходно оваа недела.