За патување со брод кон островите задолжителен е сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или негативен резултат од ПЦР или рапид тест, а контролите ги врши крајбрежната служба на Грција.
– Контролите на припадниците на крајбрежната служба се целосни и се извршуваат брзо и ефективно. Во изминатата седмица, за жал не им беше дозволено да се качат на брод на над 4.500 лица, рече Плакиотакис.