Бројот на загинати во катастрофалните поплави што оваа недела ги погодија Непал и тибетскиот регион на Кина надмина 800. Спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по повеќе од 3.000 лица кои сè уште се водат како исчезнати.

Непалските власти досега потврдиле 788 жртви, додека кинеските власти пријавиле 16 загинати лица. Во Непал како исчезнати се водат 2.052 лица, а во Кина 546.

Спасувачките операции дополнително се отежнати поради состојбата со инфраструктурата. Голем дел од погодените подрачја и понатаму останува недостапен, откако поплавите оштетија патишта и мостови.

Во меѓувреме, непалските власти денеска издадоа нови предупредувања за можни поплави. Предупредувањето следува откако повторно се зголеми нивото на реката Боте Коши.

Во Кина, пак, властите се во состојба на зголемена готовност поради формирањето на ново езеро во областа на Хималаите.