Федерер и Надал, кои заедно со Ѓоковиќ го одбележаа тенисот во периодот по 2000-та година, веднаш упатија честитки до српскиот тенисер кој успеа да се изедначи со нив на првото место по бројот на освоени Гренд Слемови.

– Честитки на ова големо достигнување. 20 Гренд Слем титули е нешто огромно и е неверојатно дека сега сме тројца изедначени. Браво и честитки до тебе и твојот тим за ова!, напиша Надал на социјалните мрежи.

Најстариот од тројцата, Федерер, го пофали перформансот приреден од Ѓоковиќ и му честиташе за 20-та титула на Гренд Слемовите.

– Горд сум што ја имав можноста да играм во специјалната ера на тениски шампиони, напиша Швајцарецот.