Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е победник на АТП турнирот во Акапулко, Мексико. За него ова е четврти трофеј на овој турнир, воедно стана и највозрасниот победник на 35-годишна возраст. Претходно тој со 18 години, во 2005-та стана најмладиот освојувач на трофејот.

Во финалето одиграно рано утрово, Надал го победи Британецот Камерон Нори со 2:0, два пати по 6:4.

За Надал ова е 91. титула во кариерата и трета по ред, откако претходно ги освои Мелбурн и Австралија опен.

Наградниот фонд на турнирот во Акапулко изнесуваше 1,7 милиони долари.

Од утре Надал ќе се врати во Топ 4 тенисери на АТП ранг-листата.