Тројца морнари од носачот на авиони УСС „Џорџ Вашингон“ се најдени мртви за помалку од една недела, соопштија синоќа истражители од воената морнарицa на САД, јави Си-ен-ен.

Еден морнар бил најден во безсознание во петокот, додека останатите двајца биле најдени надвор од своите базни места на 9 и 10 април.

-Додека инцидентите се под истрага, нема првични индиции кои сугерираат дека постои поврзаност меѓу овие трагични настани, изјави командир Рин Момсен, портпарол на морнарицата.

Морнарицата не се произнесе за причините за смртта на тројцата морнари. На бродот бил повикан тим за брза психијатриска интервенција. Се соопштува дека овие тимови се слецијализирани да обезбедат краткорочна поддршка за психолошо здравје после трауматичен настан како загуба на живот.

-Нашите мисли и сочувства се со семејствата, пријателите и колегите на морнатите, изјави Момсен.

УСС „Џорџ Вашингон“ е носач на авиони со нуклеарен погон од класата Нимиц. Моментално е укотвен во Њупорт Њус, Вирџинија, каде поминува комплексен сервис, процес што се извршува само еднаш со снабдување на нуклеарно гориво и обнова на бродот за идни операции. Пловилото се наоѓа во Њупорт Њус од 2017 година.