Овие, засега, прелиминарни бројки денеска ги објави Европската канцеларија за поддршка на азилантите (ЕАСО), која посочи дека еден месец претходно, во јуни, за статусот азилант аплицирале околу 40.600 лица.
Агенцијата, чие седиште е на Малта, пресмета дека има зголемени апликации, особено од државјани на Авганистан. Еден месец пред земјата да падне под радикалните талибанци и драматичните недели на евакуација, од оваа земја имаше околу 7.300 апликации, а во јуни 6.000 Авганистанци поднеле барање за азил во ЕУ, Норвешка и Швајцарија.
Од приближно 45.000 баратели на азил, 2.200 биле малолетници без придружба, а од нив дури 1.200 доаѓале од Авганистан. Пријавите од малолетници без придружба не се регистрирани во таков обем од ноември 2016 година, додава ДПА.