Според медиумот, компанијата платила огромен откуп, наводно пет милиони евра и тоа во крипто валути. Тоа се случило само неколку часа по нападот со цел да се намапли притисокот од евентуално нарушување на снабдувањето со гориво во поголемите градови од источниот брег на САД.
Откако добиле откуп, хакерите и ги доставиле шифрите за деактивирање на компјутерската мрежа на компанијата.
Сепак, и портпаролот на „Колонијал пајплајн“ и портпаролот на Советот за национална безбедност одбиле да дадат коментар во врска со наводите, пишува Блумберг.
Хакерите, за кои ФБИ се сомнева дека се поврзани со група наречена DarkSide, се специјализирани за дигитална уцена и се верува дека се наоѓаат во Русија или Источна Европа.
„Колонијал пајплајн“, кој пренесува голем дел од своето гориво од Тексас до источниот брег на САД, соопшти дека минатата недела бил извршен напад со малициозен софтвер врз неговите системи. Станува збор за програма што влегува во компјутерски систем и привремено го блокира неговото работење со криптирање на податоци сè додека жртвата не ја плати сумата што ја бараат хакерите.
По шестдневното исклучување на главниот нафтовод во САД, кој носи 100 милиони галони бензин, дизел и гориво за авиони на ден, денеска протекле првите милиони галони моторно гориво.