Англија, САД и Канада меѓу најголемите разочарувања, Германија и Франција во врвот

Британскиот весник „Метро“ објави листа на најлошите и најдобрите дресови што ќе се носат на претстојното Светско првенство во фудбал, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Во изборот на спортските коментатори Гевин Браун и Стив Чарнок се најдоа по девет репрезентации со најнеуспешен и девет со најуспешен дизајн на дресови.

Овие дресови се прогласени за најлоши

Според рангирањето на „Метро“, меѓу најлошите дресови за претстојниот Мундијал се најдоа домашниот дрес на Хаити, гостинскиот на Швајцарија, Австралија, Египет, Турција и Панама, како и домашните гарнитури на Канада, Англија и САД.

Изборот предизвика реакции кај дел од навивачите, особено поради присуството на неколку големи фудбалски сили на листата.

Германија, Франција и БиХ меѓу најубавите

На листата со најдобри дресови место добија гостинските гарнитури на Курасао, Јужна Кореја, Франција, Белгија и Јужна Африка, како и домашните дресови на Гана, Босна и Херцеговина и Германија.

Меѓу највисоко рангираните се најде и третата гарнитура на Мексико, која според авторите на изборот се издвојува со својот дизајн и визуелен идентитет.