Во мај годинава издадени се 340 одобренија за градење, што е за 27,5% помалку во однос на истиот месец од претходната година – објави денеска Државниот завод за статистика.

Најмногу одобренија за градење, 229, се издадени за високоградба.

Во Источниот Регион издадени се најмногу одобренија за градење, 76, по што следуваат Скопскиот – 65, Полошкиот – 62, Југоисточниот – 51, Југозападниот – 36, Пелагонискиот – 24, Вардарсиот – 20, Североисточниот – 56.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6,67 млијарди денари, што е за 15,2% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 229 (67,3%) се наменети за објекти од високоградба, 22 (6,5%) од нискоградба и 89 (26,2 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 340 објекти, на 214 (62,9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 126 (37,1%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период предвидена е изградба на 840 стана со вкупна корисна површина од 71.561 квадратен метар.

Во Источниот Регион ќе се градат 249 стана, Југозападниот – 189, Скопскиот – 166, Југоисточниот – 106, Полошкиот – 91, по 19 во Пелагонискиот и во Вардарскиот и еден во Североисточниот.