Кане Танака, во 2019 година, беше официјално прогласена за најстара жена и личност воопшто во светот. Живее во старечки дом во Фукуока, Јапонија а беше прогласена за најстара личност пред две гофини на нејзини 116 години.
Иако требаше да биде дел од церемонијата на пренесување на олимпискиот факел, пред неколку дена беше објавено дека нема да се случи поради пандемијата.
Танака е родена на 2 јануари 1903 година, како седмо од осум деца. Таа се омажила за Хидео Танака во 1922 година, со кој има четири деца и едно посвоено.
Танака станува секое утро пред 6 часот, сака математика и играта „Отело“.
Јапонците се познати по својата долговечност и доминираат на списокот на најстари луѓе во светот. Иако современото доба и промените во исхраната доведоа до зголемување на бројот на дебели луѓе, сепак е релативно редок феномен во земја чија кулинарска традиција се базира на риба, ориз, зеленчук и друга храна со малку маснотии.
Пред Танака, најстара личност на светот беше исто така Јапонка, Чијо Мијако, 117, која почина во јули 2018 година.
Во Јапонија, годините традиционално се почитуваат, така што луѓето остануваат активни и се чувствуваат корисни во нивните 80-ти и повеќе години.
Најстара личност која живеела е Французинката Жана Луиз Калмен, која според Гинис живеела 122 години.
Живеела самостојно до 110-та година од животот, а потоа се преселила во дом за стари лица. Секој ден таа барала да ја будат во 6.45 часот. Денот го започнувала со молитва пред нејзиниот прозорец.
Наутро, таа се занимавала со гимнастика слушајќи класична музика. Медицинските сестри забележале дека таа се движи побрзо од луѓето помлади од нејзините 30 години. Уживала во чоколадо од кое јадела и килограм неделно.