Италијанските медиуми објавија денеска дека американската компанија и претседателот на Џенова Енрико Презиоси постигнале договор и многу скоро во врска со зделката ќе биде објавено официјално соопштение.

„777 Partners“ е приватна инвестициска компанија со седиште во Мајами. Основана е во 2005 година, а во нејзиното портфолио имаат и малцински удел во шпанскиот прволигаш Севиља.

Џенова е формирана на 7 септември 1893 година и е најстариот фудбалски клуб во Италија. За Џенова од 2015 година настапува рекордерот според бројот на настапи во македонскиот дрес и најдобар стрелец на сите времиња Горан Пандев.