Најстудено утрово е во Берово со -11 степени, во Маврови Анови се измерени -10, во Крива Паланка – 8, во Битола, Штип и Попова Шапка -7, во Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Демир Капија, Струмица, Крушево – 6, во Охрид – 5, Скопје-Зајчев Рид, Виница, Претор – 4 и -3 во Куманово. Нула степени се измерени во Гевгелија, а максимални два степена се регистрирани во Дојран.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на Попова Шапка има најмногу снег, 37 сантиметри, во Маврови Анови снежната покрива е 14, во Крушево 9, во Ѓуриште шест, во Пожаране пет и во Битола два сантиметри.
Времето во текот на ноќта и изутринава беше ведро и студено, а на повисоките места дуваше слаб до умерен северен ветер.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне од 3 до 9 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени Целзиусови.