Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=280; 41,5 проценти), со неделна инциденца – 45,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 94,1/100.000 е регистрирана во Кратово.
Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 1,8 проценти до 7,2 посто, просечно 4,0 проценти.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=240, 35,6%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=114; 16,9%), 30-39 (n=114; 16,9%) 40-49 (n=111; 16,5%), и 20-29 (n=56; 8,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=6; 0,9%) и 10-19 години (n=33; 4,9%).
По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 2.646 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 36,0 посто во споредба со минатата недела.
Пријавени се 65 смртни случаи од 15 градови, 38,1 проценти помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 56 лица биле над 60 години, седум лица на возраст од 50-59 години, едно лице на возраст од 40-49 години и едно лице на возраст од 30-39 години.
На 17 февруари 2021 во државава започна вакцинацијата против Ковид-19. Заклучно со 16 мај 2021, аплицирани се 28.594 дози на Pfizer/Biontech (19.691 со прва доза и 8.903 со втора доза), 44.890 дози на Sputnik V (22.871 со прва доза и 22.019 со втора доза), 24.995 дози на AstraZeneca и 108.740 дози Sinopharm.
Заклучно со 16 мај 2021 вакцинирани се вкупно 207.219 лица со барем една доза на вакцина против Ковид-19. Комплетно се вакцинирани вкупно 31.599 лица.