Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во март 2021 година, во однос на март 2020 година, бележи опаѓање од 6,6 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 2,7, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата бележи опаѓање кај Енергија за 3,8 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,1, Капитални производи за 2,4 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4 отсто, додека пораст од 3,4 отсто има кај Tрајни производи за широка потрошувачка.