Одговарајќи на новинарски прашања по денешното отворање на канцеларија во општина Илинден, Спасовски информираше дека заедно со Одделот за превенција работат на тоа да им укажат на граѓаните како и на кој начин треба да ги заштитат домовите, бидејќи, како што кажа, секој по малку треба да допринесе во јавната безбедност.
– Минатата, 2020 година, беше година во која покажавме многу добри резултати во повеќе области, дури имавме резултати што се најдобри во последните 30 години во повеќе видови на криминалитет. Оваа година, нашата цел е да ги подобриме уште повеќе тие резултати и што е можно криминалитетот да се намалува во некои рамки кои што би биле добри за сите нас и за граѓаните и за безбедноста. Така што максимално континуирано и посветено се работи во овој дел со цел, не само да ги спречуваме, туку и да ги откриеме сторителите и за тоа да сносат одговорност, рече Спасовски.
Дополни дека минатата недела биле расчистени околу 26 кражби на територија на Град Скопје и тоа пред сè кражби на инфраструктура на телеком операторите.