Кандидатот за градоначчалник на Куманово Максим Димитриевски вчера пријавил дека две лица го навредувале и се обиделе физички да го нападнат додека имал средба со граѓани во Долно Којнаре. Димитриевски го пријавил случајот во МВР, а во полицискиот билтен пишува:

Вчера во 21.33 часот во СВР Куманово, М.Д., кандидат за градоначалник на Куманово пријавил дека, додека имал средба со граѓани во Долно Којнаре, кај спортското игралиште, Д.Н. и З.П. го навредувале и му се заканувале, по што се обиделе и физички да го нападнат. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.