– На 23 септември 2021 во 22.06 часот, во Одделението за внатрешни работи Крива Паланка било пријавено дека е извршен физички напад врз тројца млади од кратовското село Страцин. Нападот го пријавил 33-годишниот З.А. од Страцин, кој пријавил дека врз него и неговите пријатели – 30- годишниот С.М. и М.М. е извршен физички напад, информира Ивана Младеновска, портпарол на Секторот за внатрешни работи Куманово.
Посочи дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.