Вчера вечер во 23:15 часот полицијата од СВР Скопје го лиши од слобода 44-годишниот Ј.Ј. поради напад со остар предмет и нанесување на телесни повреди на тројца лица. Според пријавата, инцидентот се случил по претходна расправија за нерасчистени имотно-правни односи во домот на 38-годишниот сосед А.Ш.
Полицијата наведува дека Ј.Ј. со остар предмет го нападнал А.Ш., неговата сопруга Ѓ.У. и нивната сосетка Д.Д., која се обидела да ги раздели. Истовремено, приведен е и А.Ш., со кого бил извршен службен разговор.
По целосно документирање на настанот, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
