Полициски службеници во изминатото деноноќие на различни локации низ државата лишија од слобода шест возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ според член 297-а од Кривичниот законик.
Од приведените, четири лица управувале возило без положен возачки испит: С.И. (30) од Скопје, Е.Б. (18) од Тетово, А.А. (18) од Струга и М.П. (19) од прилепско.
Дополнително, две лица биле затекнати зад воланот под дејство на алкохол: Д.А. (62) од Свети Николе и Н.Н. (50) од Ресен.
По целосно документирање на случаите, за сите приведени ќе следуваат соодветни кривични пријави.
