Како некој што се нафати за власт и моќ да му смени личен опис на својот народ со најевтина пластика и притоа бесрамно го лажеше дека тоа мора да го направи за повисоки цели. Дека влезот во ЕУ со новото лице, му е гарантиран.
Пиши и тоа дека не постои такво копито како него во историјата на светот кој толку го понижил својот народ пред соседните земји нудејќи му ги националните интереси а својот народ на тацна, а притоа се клештел ко селска будалетинка, у еден дека прави епохален, космополитски потег, тотално несвесен за штетите и опасностите на кои го изложува својот народ.
Пиши како сè што вети, излажа!
Пиши и тоа дека не постои друг народ во светот кој толку долго трпел предавник и будала ко тебе.
Не постои друг народ кој толку се умртви самиот себе да повеќе не разликува добро и зло, морал и неморал, не препознава опасност и срам и не прави разлика меѓу визионер и идиот.
Пиши и тоа како си толку глупав што дури и водата кога ти е над уши, уште веруваш во твоите Титаник политики.
Пиши нешто и за давањето прибежиште на светски кримоси, дилери и исламски екстремисти. За пасошите што им ги даде правејќи се мутав дека тоа САД, и Европа ќе го премолчат, пошо си викаат, да му простиме на детето, глупичко е.
Пиши и за шверцот на масло од коноп, за алчноста на твојата фамилија, за твоите најблиски соработници кои се платеници на странски тајни служби, пиши за тоа како ништо друго не направивте освен штета.
Пиши искрено и ќе добиеш Нобелова барем за литература.
Секако дека постои можност да ти ја врачат во Идризово, но тоа нека не те пишмани. Ти само пишувај. Милион евра лапаш со наградата. Или тоа за тебе е ситно? Ако лапај. Ќе ти се најдат за стражарите во Идризово. Колку да не ти го пратат Рамче со литар зејтин за подмачкуење. А може Рамче со душа ќе го чекаш
П. С.
По новото вето од фашистине, можеш барем малку да направиш нешто и нас, колку да ни ублажи болките што ни ги направи,
Протерај го нивниот амбасадор од Македонија одма и растури ја онаа комисијата што треба да напише историја по твој и нивни ќеф.
Последново не го пишувај никаде, оти го фантазирам, штеточино една, му порача Тасевски.