Вкупно 180 милиони евра изнесува вредноста  на германската компанија Бросе  во Панчево, Србија.

Изградбата на фабриката, која произведува разни видови делови за автомобили, започна во март минатата година, а од јули оваа година, повеќе од 350 вработени работат во фабриката.

Планот е 1.100 луѓе да работат во фабриката Бросе до 2025 година, а нејзиниот извоз да изнесува околу 440 милиони евра годишно.

При посетата,  претседателот Вучиќ рече дека фабриката Бросе е една од најдобрите инвестиции во Србија, бидејќи 41% од вработените се висококвалификувани работници, а платите се многукратно повисоки од просечните во земјата.

Тој посочи дека Владата на Србија со многу пари ја помогна инвестицијата на германската компанија во Панчево, но оти очекувањата се дека ќе донесе „многу добро“ за Панчево, Белград и другите градови.

Вучиќ рече дека Панчево дополнително ќе се развива со инвестирање во инфраструктура и привлекување нови инвеститори.

Бросе е семејна компанија која вработува околу 26.000 работници во 24 земји на 64 локации и има обрт од 6,2 милијарди евра, а секое друго возило во светот има делови што се произведуваат во неговите фабрики.