Европската автомобилска индустрија се бори да преживее под притисокот на кинеската конкуренција, но „Рено“ е подготвен да се справи со тие предизвици, изјави извршниот директор на компанијата, Франсоа Прово, во интервју објавено денес во весникот „Екос“ (Les Echos).
Прово процени дека наредните години ќе бидат клучни за европските производители на автомобили, кои истовремено се соочуваат со забрзана електрификација, растечка конкуренција од кинеските брендови и потреба од дополнително намалување на трошоците.
Зборувајќи за плановите на „Рено“, тој рече дека компанијата нема да се откаже од мерките за зголемување на ефикасноста, додавајќи дека како директор нема да се двоуми да донесе тешки, но неопходни одлуки.
