Во денешното интервју, Венко Филипче изјави дека „народот може да учи од Зоран Заев“, нагласувајќи дека „нема друг како него“. Со оваа изјава, Филипче повторно го потврди своите блиски односи со поранешниот премиер.
Јавноста реагира прашувајќи се од што точно треба да се учи. Дали од политиките на Заев, кои често беа обвинувани за отстапки на штета на националните интереси?
За многумина, токму таквиот пристап донесе сериозни поделби и незадоволство кај граѓаните.
Филипче, следејќи ја линијата на Заев, во интервјуто повторно потенцираше дека народот може да учи од Заев, особено во контекст на флексибилноста во преговорите со Бугарија.
Истовремено, поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, призна дека со дозвола на СДСМ преговарал за етнички прашања со бугарската страна.
Овие настапи отвораат сериозни дилеми. Дали попуштањето пред барањата на соседите и загрозувањето на македонскиот национален, етнички, културен и јазичен идентитет може да се нарече државничко однесување?
Според голем дел од јавноста, вистинскиот државник мора бескомпромисно да се бори за зачувување на националните вредности и идентитетот на државата. Само така може да се обезбеди долгорочен развој и напредок.
Извор; Алфа